21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот совет одлучи да не наметнува финансиски казни на Португалија и Шпанија

Европскиот совет одлучи да не наметнува финансиски казни на Португалија и Шпанија

eu evra 22

Европската унија нема да воведе финансиски казни на Португалија и Шпанија поради тоа што не презеле ефикасна акција за исправување на прекумерениот дефицит. Оваа одлука е донесена од Европскиот совет по предлог на Европската комисија (ЕК), објавена од информативната служба на Унијата.

Советот одлучил уште да ја зајакне процедурата за прекумерениот дефицит и за двете земји, така што се дефинирани нови рокови за корекција и се истакнуваат мерки кои треба да се преземат.

Минатиот месец Европскиот совет одлучи дека Мадрид и Лисабон не оствариле доволно напори за да се надминете вишокот буџетски дефицит во 2014-та и 2015-та година, започнувајќи ја официјалната процедура со санкции, до кои досега не се стигнува.

Португалија мораше да го намали дефицитот до 3 проценти во минатата година, но успеа да го сведе на 4,4 отсто. Шпанија треба оваа година да го постигне буџетскиот дефицит во законски рамки, но според прогнозите на ЕК показателот најверојатно ќе остане над 3 проценти и догодина.

Според правилата на Европската унија земјите можеа да бидат казнети со до 0,2% од БДП-то, но по протестите на Португалија и Шпанија на 27-ми јули, ЕК одлучи да предложи санкциите да бидат поништени.

Фискалните правила на Унијата бараат комисијата да предложи и запирање на сите или на дел од структурните и инвестициските фондови на ЕУ за 2017-та година. Во соопштението на новинската служба се вели дека, сепак, ЕК ќе упати ваков предлог во подоцнежната фаза по одржувањето на „структуриран дијалог“ со Европскиот парламент.

Според наметнатите нови рокови Португалија сега ќе треба да се прилагоди на дефицитот најдоцна до 2016-та година, а Шпанија до 2018-та година. Ефективните активности мора да бидат земени до 15-ти октомври 2016-та година, како и двете земји се должни да поднесат извештај за активностите до овој датум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП