15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит благ пад од рекордните нивоа на почетокот од седмицата

На Волстрит благ пад од рекордните нивоа на почетокот од седмицата

wall stre 33

На Волстрит во понеделникот S&P 500 и Nasdaq индексите благо се лизана од рекордните нивоа, бидејќи вложувачите се претпазливи поради слабите вeсти од компаниите.

Индексот Dow Jones ослаби за 0,08 отсто, на 18.529 поени, додека индексот S&P 500 се лизна 0,09 процент, на 2.180 поени, а Nasdaq индексот падна 0,15 отсто, на 5.213 индексни поени.

Во мирното тргување во понеделникот цените на акциите паднаа во седум од десетте сектори од S&P 500, па овој индекс, како и Nasdaq се лизна од рекордните нивоа достигнати во петокот, по подобрите од очекуваните податоци од американскиот пазар на трудот. Од почетокот на годинава индексот S&P 500 е во добивка од речиси 7 отсто, и покрај неуверливиот раст на американската економија и анемичните деловни резултати на компаниите.

Најмногу во понеделник паднаа цените на акциите во здравствениот сектор, при што цените на „Merck“, „Allergan“ и „Bristol-Myers“ поевтинија меѓу 1,5 и 4,7 отсто, по лошите извештаи од овие компании.

Од друга страна, пак, значително, и тоа за 1,2 отсто, пораснаа цените во енергетскиот сектор, благодарејќи на скокот на цената на нафтата за повеќе од 2 отсто, поради обновените шпекулации дека дел од членките на нафтениот картел повикуваат на договор за намалување на производството за да се намали разликата меѓу преголемата понуда и слабата побарувачка.

Во фокусот на вложувачите се и деловните резултати од компаниите, додека се сезоната на објавување на финансиските резултати се ближи кон крајот. Повеќето од компаниите од составот на S&P 500 индексот ги надминаа очекувањата на аналитичарите, но тоа не им беше тешко, бидејќи процените се поставени многу ниско.

И покрај подобрите од очекуваните извештаи, според сé судејќи, заработките на компаниите паднаа и во изминатиот квартал, веќе четврто тримесечје по ред. А имајќи ги предвид најавите, заработките би можело да падната и во сегашното тримесечје. Во новата анкета на Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките во третиот квартал ќе бидат за 0,2 отсто помали отколку во истиот лански период, додека минатата седмица очекуваа раст на заработките за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП