22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на акциите на европските берзи, пад цената на акцијата...

Раст на цените на акциите на европските берзи, пад цената на акцијата на Airbus

berza eu399

Цените на акциите на европските берзи во понеделник пораснаа, особено во банкарскиот сектор, додека цената на акциите на Airbus падна повеќе од еден отсто.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,23 отсто, на 6.809 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,63 отсто, на 10.432 бодови, а париски CAC 0,11 отсто, на 4.415 бодови.

Најмногу, во просек еден отсто, пораснале цените на акциите во банкарскиот сектор, кој минатата недела беше под притисок заради недоволно добрите резултати на ‘стрес’ тестовите.

Акцијата на Barclays е најголем добитник во тој сектор, со раст на цената од 2,8 отсто, бидејќи аналитичарите од Exane BNP Paribas ја зголемија препораката за таа акција.

Од друга страна, значително падна, 1,7 отсто, цената на акцијата на Airbus, откако британското одделение за измами покрена истрага заради сомнеж за корупција кај тој производител на авиони.

Поддршка на берзите пружа и растот на цената на нафтата, благодарејќи на шпекулациите за можен повторен обид за договор на најголемите светски производители за намалување на производството.

На американскиот пазар цената на барелот порасна 0,5 отсто на 42,03 американски долари. На лондонската берза барелот поскапе 0,45 отсто, на 44,47 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП