8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве колку чинат хрватските острови

Еве колку чинат хрватските острови

hrv ostrovi 33

Пред повеќе од деценија откако беше овозможена продажба на хрватските острови се навестуваше тотална распродажба на светските милијардери, но резултатите особено не фасцинираа.

Иако на можноста за продажба на хрватските острови се гледаше како на катастрофална и срамна распродажба на националното и семејно богатство, за 14 години продадени се само пет помали острови.

Острови на продажба и нема многу, на хрватската страна на Јадранот – големи и мали 1.244, oд кои населени се 65, но во државна сопственост се 85 отсто од нив и тие не се на продажба.

За откуп од приватен сопственик, островот најпрво мора да биде понуден на општината, жупанијата и државата, а ако тие не се заинтересирани, дури тогаш приватно лице може да склучи купопродажен договор.

Сепак, ниту сопствеништвото нема да гарантира целосна изолација бидејќи се уште како општо добро останува крајбрежниот појас со ширина од минимални шест метри, а дури и со добиената концесија и за тој дел од островот, новиот сопственик ќе може да се смета како целосен газда.

Поседувањето на свој остров е знак на претстиж меѓу светската елита, но хрватското законодавство и лошите инфраструктурни услови ги кочат во нивните намери.

Па така од посакуваното купување се откажаа и некои познати клиенти, како Берни Еклстоун и принцезата Каролина од Монако. Имено, ако на островот нема градби, не е можно да се изградат, туку само може да се адаптираат веќе постоечките.

Секогаш постои интерес за островите, велат од агенцијата „Блишков недвижности“ од Каштел Стари, додавајќи дека сите јадрански острови не се подеднакво атрактивни, па цените се во опсег од 11 до 70 евра за квадратен метар:

– Taјан (Дубровник), површина 150.000 m² – 750.000 eвра,

– Црквина (Дубровник), 170.000 m² – 850.000 eвра,

– Космеч (Дубровник), 26.000 m² – 130.000 eвра,

– Мали Космач (Шибеник), 5000 m² – 700.000 eвра,

– Сридња (Задар), 130.000 m² – 6 милиони евра,

– Средна Клуд (Tрогир), 18.800 m² – 1,2 милиони евра,

– oстров во корантскиот архипелаг, 200.000 m² – 3,2 милиони евра,

– oстров во близина на Хвар, 209.000 m² – 2,3 милини евра,

– oстров помеѓу Пашман и Корнат, 36.000 m² – 2,5 милиони евра,

– oстров во средна Далмација, 35.000 m² – 1,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП