6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечните приходи на Allergan за малку не ги исполнија очекувањата

Тримесечните приходи на Allergan за малку не ги исполнија очекувањата

alergan3

„Allergan Plc.“ се откажува од големи зделки, коментира извршниот директор Брент Сандерс, откако во вториот квартал фармацевтската компанија забележа приход од продажби кои изостанаа зад очекувањата на аналитичарите, пишува „Bloomberg“.

Во периодот април-јуни приходите на „Allergan“ која го прекине спојувањето со „Pfizer Inc.“ за 160 милијарди долари во април, забележаа раст од 1,5% до 3,68 милијарди долари. Тоа е малку под просечната прогноза на испитаниците од агенцијата за 3,72 милијарди долари.

Иако продажбата на „Botox“ бележи раст, приходите од продажба на лекови на „Allergan“ против Алцхајмеровата болест – „Namenda IR“ се намали за 98% по губење на ексклузивност на патентот.

Во вториот квартал приходите од продажба на „Botox“ изнесуваат 719,7 милиони долари, со што се надминуваат повеќе од очекуваните 699,5 милиони долари.

Загубата за периодот се проширува до 501,7 милиони долари од 243,1 милиони долари, колку што беше во вторите три месеци од 2015-та година.

„„Allergan“ нема потреба да склучува големи зделки за спојувања и превземања“, коментира Сандерс за време на конференцискиот повик за тримесечните резултати. „Развој на нови нешта, од кои многу се во крајна фаза, вклучувајќи ги и потенцијални програми кои можат да се од клучно значење“, додава тој.

Коментарите на директорот ја потврдуваат промената на пристапот кон трансакциите за спојувања и превземања по неуспехот на трансакцијата со „Pfizer“ поради регулаторните пречки.

Минатата недела „Allergan“, која е базирана во Даблин, но има канцеларии во Њу Џерси, го заврши договорот за продажба на бизнисот со генерички лекови на „Teva Pharmaceutical Industries Ltd.“ за 40,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП