2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Макпетрол единствената со промет над милион денари

Акцијата на Макпетрол единствената со промет над милион денари

mak berza

На првиот трговски ден од новата седмица на Македонската берза, акцијата на Макпетрол АД беше единствената акција со промет над милион денари.

Беа истргувани вкупно 53 лотови по просечна цена од 24.282,26 денари и раст на вредноста на акцијата за 1,17 проценти, при што се најде на врвот од листата на добитници. Покрај неа на оваа листа се најде и акцијата на Адинг Скопје со пад од 1,04 отсто.

На спротивната листа на губитници предводник беше акцијата на Охридска банка АД Скопје со пад од 3,56 проценти и истргувани 12 акции по просечна цена од 3.009 денари. По неа следеа акциите на Скопски пазар АД Скопје со пад на вредноста на акцијата од 3 отсто и на Топлификација АД Скопје со пад од 2,90 отсто, при што беа истргувани минимални количини и тоа 5 и 4 лотови, соодветно.

Македонската берза денот го заврши со вкупен промет од 2.446.418 денари реализирани преку 26 трансакции и истргувани вкупно 1.308 лотови.

Со обврзниците за денационализација немаше ниту една трансакција, па поради тоа индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 126,43 индексни поени. Наспроти него индексот МБИ-10 порасна за незначителни 0,07 отсто и заврши на вредност од 1.862,97 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП