ЕКОНОМИЈА

Обиколницата затворена, сообраќајот по другите патишта се одвива тековно

obikolnica 33535

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по скопската обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.