16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп со економски мерки се обидува да добие нов залет

Трамп со економски мерки се обидува да добие нов залет

dt

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп, се обиде во понеделникот да ѝ даде нов полет на својата кампања, ветувајќи дека доколку биде избран ќе ги намали даноците, како и дека САД со неговиот нов економски план ќе доживее нов почеток.

Претставувајќи ја својата економска визија во говорот во Економскиот клуб во Детроит, њујоршкиот бизнисмен Доналд Трамп рече: „Тоа може да се стори, а не е ниту толку тешко“.

Трамп понуди повеќе предлози, вклучително и даночните реформи за коишто рече дека ќе предизвикаат најголема даночна револуција во САД од ерата на претседателот Роналд Реган.

Трамп го искористи говорот за економијата за да ја сврти страницата во кампањата по седмицата во која му се припишуваат некои погрешни чекори поради кои беше во серија критикуван, вклучително и од Републиканската партија којашто го кандидираше. Демократската кандидатка е уште во предност, сепак значително намалена, три месеца пред изборите на 8-ми ноември.

Медиумите забележуваат дека Трамп ги следел во Детроит подготвените точки од говорот, а ја задржал и присебноста кога бил прекинуван од демонстрантите. Неговите идеи во говорот се оценуваат како наменети и за богатата деловна заедница и за работниците.

Планот вклучува, меѓу другото, и намалување на стапката на данокот на доход и на корпоративниот данок, како и носење нови законски одредби за вработените родители кои се справуваат со трошоците за издржување на децата.

Трамп вети и оживување на планот за нафтоводот Кејстон, а би ги повлекол САД и од Договорот за транспацифичкото партнерство кое го поддржува актуелниот претседател Барак Обама.

„Сега започнуваме голема национална расправа за економската обнова на Америка. Тоа е дебата за тоа како да ја направиме Америка повторно голема за сите, особено за оние кои примаат најмалку“, порача Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП