6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSotheby's забележа сериозен раст на профитот во вториот квартал

Sotheby’s забележа сериозен раст на профитот во вториот квартал

sotby33

Аукциската куќа „Sotheby’s“ објави раст на профитот за вториот квартал од 31%, откако со најдобрите маргините се компензира забавувањето на пазарот на уметност, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката е зголемена до 89 милиони долари, или 1,52 долари за акција од 67,6 милиони долари, или 96 центи, од пред една година, соопштија од „Sotheby’s“. Приходите се намалиле за 10% до 298,7 милиони долари поради пад на нето продажбата од аукции.

„Иако сигурно преферираме да видиме силен пазар на уметност, задоволни сме од напредокот што сме го направиле за нашите стратешки иницијативи и корисните промени за нашиот тим и организација“, рече претседателот и извршен директор на „Sotheby’s“, Тад Смит.

Маржите се подобрија до 16,4%, а трошоците за компензација се намалиле за 51%. Тоа го компензира падот од 16% на нето аукциските продажби како резултат на неподготвеноста на сопственици на уметнички дела да се разделат со истите во позадина на нестабилноста на финансиските пазари.

Послабите резултати во споредба со минатата година се должат и на промена во периодот за спроведување на тендерите за современа уметност во Лондон, кои беа организирани во вториот квартал, а не во третиот квартал, како што беше во 2015-та година.

Приспособениот профит на „Sotheby’s“ од 1,51 долари по акција ја надмина просечната прогноза за 1,04 долари на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“.

Акциите на „Sotheby’s“ поскапеле за 25% од почетокот на годината до 5-ти август во однос на растот од 6,8% на индексот „S & P 500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП