6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelta Air Lines одложи летови заради проблеми со информатичкиот систем

Delta Air Lines одложи летови заради проблеми со информатичкиот систем

delta 993

Американската авиокомпанија Delta Air Lines извести во понеделник дека им откажал информатичкиот систем, заради што повеќе летови ширум светот доцнат.

„Делта забележа пад на информатичкиот систем што влијаеше на летовите предвидени за ова утро“, соопшти вториот воздухопловен превозник во светот според бројот на патнички километри.

Од компанијата очекуваат проблемите наскоро да бидат отстранети.

Reuters потсетува дека американските превозници изминатите месеци во неколку наврати имале проблеми со информатичките системи. Така нискотарифниот превозник Southwest Airlines во јули од технички причини ги запре летовите, а American Airlines од истите причини беше принуден да ги запре летовите од три аеродрома.

Експертите истакнуваат дека превозниците се соочуваат со сѐ поголем ризик на проблеми во информатичките системи заради засилената автоматизација на работењето, дистрибуцијата на билети преку паметни телефони и опремувањето на авионите со безжичен интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП