4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците бараат начини да дојдат до австралиски и новозеландски пасоши

Британците бараат начини да дојдат до австралиски и новозеландски пасоши

pasosi pecati 33

По гласањето за излегување на Велика Британија од Европската унија кон крајот на јуни имиграциските власти на Нов Зеланд и Австралија забележале сериозен раст на британски посетители на релевантните веб-сајтови. Бројот на прегледи скокна значително, објавија официјални лица, цитирани од германската агенција „DPA“.

Како што е познато, на 23-ти јуни Британците гласаа за „Brexit“ што барем на краток рок доведе до намалување на бројот на економски показатели главно во Велика Британија, но исто така и во други земји од ЕУ.

Новозеландскиот сајт со совети за имиграција во двете недели по референдумот збележал по 5.300 посети дневно од Британија. Претходно просечните посети од Островот биле околу 1.700. Речиси двојно повеќе Британци се регистрирале на сајтот, за да добиваат автоматски информации за можностите за студирање, работа и инвестиции во земјата.

На денот по британскиот референдум австралискиот сајт со условите за давање на државјанство забележа раст на посети од Британија од цели 368 отсто до 890. Бројот на месечни прегледи по гласањето останува висок со 27% повеќе отколку пред гласањето.

И за двете земји, ЕУ е трет по важност трговски партнер. Во случајот на Нов Зеланд – по Австралија и Кина, а во овој на Австралија – по Кина и Јапонија. И двете држави остваруваат најсериозна стоковата размена во рамките на ЕУ токму со Британија. Околу една третина од извозот на Нов Зеланд за ЕУ ​​е за Островот, во случајот со Австралија овој удел е 40%.

Двете земји веќе најавија дека имаат намера да договорат нови договори за слободна трговија со Лондон.

Во средината на јули веќе стана јасно дека голем број европски земји, вклучувајќи ги Германија, Унгарија и Полска, ќе очекуваат бран на барања за државјанство од Британци, кои ќе бараат начини да си ја осигураат можноста да живеат и работат на континентот. Во зависност од резултатот на преговорите за излез од ЕУ, Британците може да го изгубат правото слободно да се движат низ Европа, освен ако не добијат државјанство на друга земја членка на Унијата. Барања за пасоши се добиени и во сите амбасади во Лондон на земјите членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП