18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈСП со скратени и редуцирани линии во поплавените подрачја

ЈСП со скратени и редуцирани линии во поплавените подрачја

jsp-avtobus333

Поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на ЈСП Скопје ќе бидат скратени или редуцирани.

Промените се однесуваат на следниве линии:

– линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;
– линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;
– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче – Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;
– линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа;
– линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“.

Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП