10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабее економското расположение во еврозоната

Слабее економското расположение во еврозоната

berza eu3359

Економското расположение во еврозоната ослабело во третиот квартал, иако влошувањето е многу мало, соопшти германскиот институт Ифо.

„Експертите очекуваат дека ова година стапката на инфлација во еврозоната ќе биде 0,7 отсто, додека на среден рок, до 2021 година, нивните инфлаторни очекувања во овој квартал останале на порано предвидените 1,8 отсто“, се наведува во соопштението на Ифо институтот.

Ифо индексот на економската клима во еврозоната паднал на 111,6 бодови во третотот тромесечје од 112,7 поени од вториот квартал, но сепак и натаму е значително над долгорочниот просек.

Влошувањето на економската клима во целина се должи на помалку оптимистичните прогнози во поглед на економските перспективи, кои ги дадоа стручњаците што учествуваат во подготовката на Светскиот економски преглед на Ифо.

Сегашната економска состојба се оценува како подобрена.

Оценките за моменталната економска состојба повторно се најпозитивни во Германија и Ирска, додека во Австрија, Белгија, Естонија, Летонија, Литванија, Холандија, Словачка и Словенија, се движат во среден распон.

Стручњаците од Светскиот економски преглед соопштија за понатамошно влошување на економската ситуација во Грција и Португалија. Лоши оценки, и покрај благото подобрување, има и за Финска, Франција, Италија и Шпанија.

Кога станува збор за економските перспективи за следните шест месеци, прогнозите и натаму се лоши за повеќето земји, но кога ќе се земе сѐ во предвид, остануваат позитивни.

Единствени земји за кои постои скептицизам во поглед на економскиот просперитет се Франција, Грција Летонија и Португалија. За разлика од нив, расположението меѓу стручњаците во поглед на перспективите за Шпанија е позитивно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП