8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоста Митроски, Претседател на Здружението на банкарството: Банките да се вклучат во...

Коста Митроски, Претседател на Здружението на банкарството: Банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош

kos

“Во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, упатувам јавен апел до Банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во градот Скопје, во вода храна, хигенски средства и слично”, вели во соопштението Митроски.

УНИБанка утре ќе донира вода за пиење во количина од 24.000 литри ( шлепер вода)  во загозените подрачја и во кординација со кризниот штаб ќе ја распредели водата  според нивниот план.

“Во име на вработените од УНИБанка како Главен Извршен директор и Претседател на Управниот одбор, сакам да изразам сочуство до семјствата кои ги загубија своите најмили во полавите што го зафатија Скопје”, изјави Митроски.

“Сочуството го упатувам и од името на сите Банки во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија”, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП