6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb веќе се проценува на 30 милијарди долари

Airbnb веќе се проценува на 30 милијарди долари

airbnb 0339

Стартапот за споделување на домување „Airbnb“ успеал да привлече во нов круг на финансирање уште 850 милиони долари, станува јасно од документите на компанијата цитирани од „Bloomberg“, кои беа претставени во државата Делавер.

Со ова финансирање, компанијата со седиште во Сан Франциско се проценува на 30 милијарди долари, појаснува „Bloomberg“.

Портпаролот на „Airbnb“ одбил да коментира на оваа тема, а документот не открива кои се инвеститорите.

„Airbnb“ во принцип се воздржува од коментари за тоа колку капитал и е потребен и колку капитал има во оптек, за разлика од компанијата за споделување на патувања „Uber Technologies Inc.“, која веќе доби повеќе од 15 милијарди долари во форма на акционерски капитал.

„Airbnb“ и „Uber“ често се дискутираат во еден контекст, бидејќи се создадени во рамките на една година и се дел од т.н. „Споделена економија“. „Uber“ се проценува на речиси 68 милијарди долари.

„Airbnb“, која се очекува да стане профитабилна во 2016-та година, доби над 100 милиони долари во рамките на кругот финансирање, кој се одржа на крајот на минатата година. Тогаш компанијата беше проценета на 25,5 милијарди долари.

Стартапот со седиште во Сан Франциско кој оперира во скоро 200 земји, доби уште 1 милијарда долари во јуни од некои од најголемите американски банки, меѓу кои „JPMorgan Chase & Co.“, „Citigroup Inc.“, „Bank of America Corp.“ и „Morgan Stanley“. Со овие пари компанијата планира да ги финансира плановите за експанзија.

Според податоците на „Equidate“ компанијата веќе има свртено 3,2 милијарди долари.

Подемот на „Airbnb“ и други слични стартапи го зголемуваат притисокот врз хотелскиот бизнис на воспоставените туристички компании, како „Priceline Group“ и „Expedia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП