„Misery Index“, или Индексот на несреќата, се пресметува како комбинација од инфлацијата и невработеноста во одделните земји.
„Bloomberg“ истражи вкупно 74 економии, за да пресмета дека Тајланд ги надмина Сингапур и Јапонија во ранг, откако пред една година на чело беше економијата на Сингапур, проследена со Тајланд и Јапонија.
Невработеноста во Тајланд, според последните податоци, е околу 1%, додека индексот на потрошувачките цени, или инфлацијата во земјата до крајот на јуни е 0,1 отсто. Ова и дава на економијата најниско ниво од 1,1 отсто и челна позиција во рангирањето. На листата, освен Сингапур (1.4%) и Јапонија (2,7%), се уште Швајцарија и Исланд, станува јасно од објавените податоци.
САД се рангираат на 17-та позиција, а Велика Британија и Кина се односно 21-ва и 23-та.
На дното на листата е Венецуела, каде инфлацијата од околу 181% го зголемува нејзиниот резултат нејзините до 188.2 отсто, што е доволно економијата на земјата да биде прогласена за најнесреќна во светот. Далеку подобар резултат има Босна и Херцеговина – 48.97%, но тоа е доволно само за второто место меѓу несреќните економии. Трета во рангирањето е ЈАР со 32.90 проценти.