25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудница во Дортмунд за вредното парче хартија

Лудница во Дортмунд за вредното парче хартија

borusijareal4

Бројни приврзаници на веќе поранешниот германски шампион Борусија Дортмунд се собрале пред клупскиот фан-шоп во кој беа пуштени последните билети за полуфиналната средба со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.

borusijareal

Стотици навивачи на Борусија завчера поставија шатори, столици, маси и пред фан-шоп чекаа со надеж дека ќе дојдат до вредното парче хартија. Жени и мажи седеа и чекаа, чита весници, пиеа пиво и го чекаа последното „раздавање“ на билетите. Така во Дортмунд многумина продолжуваат да се надеваат дека ќе успеат да се најдат на трибините и да присуствуваат на судирот со шпанскиот гигант. До вчера во канцеларијата на Борусија имаше 832 000 барања за билети!

borusijareal1

Дуелот е закажан на 24-ти април на „Сигнал Идуна Парк“. Легендарниот фудбалски објект во Дортмунд е со капацитет од 80.600 гледачи, но за меѓународните средби тој се намалува на 65.600 седишта.

borusijareal3

Инаку за потсетување симпатизерите на Борусија за да ја следат средбата со Реал Мадрид ќе мораат да одвојат од 45 до 170 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП