9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува силна година на европскиот пазар на недвижности

Се очекува силна година на европскиот пазар на недвижности

kuki hipoteka 335

Поради рекордно ниските камати за кредити, речиси сите европски станбени пазари ќе остварат раст на цените во текот на оваа година, прогнозира „S & P Global Ratings“, цитирана од онлајн изданието „propertywire.com“.

Единствен исклучок од правилото се очекува да биде британскиот пазар поради одлуката донесена на референдумот на крајот на јуни земјата да ја напушти Европската унија (ЕУ).

Во Италија се очекува цените да останат без промена поради влошените перспективи пред економијата, се наведува во извештајот на агенцијата.

Најсилен раст се очекува да забележи пазарот на недвижности во Германија – 7% во следните 18 месеци, прогнозира рејтинг агенцијата.

„S & P“ прогнозира дека реалниот БДП на еврозоната ќе се зголеми за 1,7% во оваа година. Очекувањата се дека експанзивната и флексибилната монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе го стимулира подобрувањето на станбените пазари преку пристап до хипотекарно кредитирање.

Во извештајот пишува уште дека економијата на Ирска, и покрај тесните економски врски со Велика Британија, ќе продолжи да се опоравува, а цените на куќите ќе се зголемат за околу 6% во оваа година. Главна поддршка на станбениот пазар во земјата покажува континуираното подобрување на пазарот на трудот, како и недостигот на понуда на станови.

За Холандија сепак – исто силно поврзана со Велика Британија, се очекува забавување на растот на цените на домовите до умерени 5 отсто.

За Франција агенцијата прогнозира раст на цените на недвижностите од 2% за Шпанија и Белгија – за 4%, Португалија – 3%, а Швајцарија – 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП