2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody`s: Намален кредитниот рејтинг на Кина

Moody`s: Намален кредитниот рејтинг на Кина

china4

Американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“ ја намали прогнозата за рејтингот на Кина од „позитивна“ на „стабилна“ и го потврди нејзиниот долгорочен суверен кредитен рејтинг на „Аа3“.

Втората американска агенција „Fitch“ минатата недела го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Кина во домашна валута од „АА-“ на „А+“, и покрај загриженоста дека прекумерното задолжување на кинеската влада би можело да претставува ризик за пошироката економија, пренесува порталот Фокс Бизнис.

Рејтингот на Kина на ниво од „Аа3“ е потврден поради кинеските кредитни способности, кои се поттикнати од силниот економски раст и силните финансии на владата“, се наведува во соопштениео на „Moody`s“.

Во извештајот, сепак, се наведува дека се потребни дополнителни реформи, за да се спречи наталожување на притисоци кои можат да го зголемат ризикот од тешкото приземјување на кинеската економија.

Кина, според зборовите на „Moody`s“ има силна меѓународна инвестициона позиција.

„Само мал број на високо-рангирани напредни индустриски економии, како што се Норвешка, Швајцарија, Јапонија, Хонг Конг и Сингапур, имаат посилна меѓународна инвестициона позиција“, додава „Moody`s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП