19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициска асоцијација лобира против спојувањето на Deutsche Boerse и LSE

Инвестициска асоцијација лобира против спојувањето на Deutsche Boerse и LSE

berza eu3359

Европската асоцијација на индивидуални инвеститори лобира против спојувањето на „Deutsche Boerse AG“ и „London Stock Exchange Group Plc“. Организацијата се жали на властите во Брисел дека договорот ќе ја повреди конкуренцијата во Европа, пишува „Bloomberg“.

Комбинираниот пазарен оператор ќе има „супер доминација“ во обезбедувањето на информации за пазарните индекси, берзански-тргуваните фондови и расчистувањето, посочуваат од Асоцијацијата на европските инвеститори (European Investors ‘Association) во писмо до комесарот за конкуренција Маргрете Вестагер.

Инвеститорската група, формирана минатата година, е основана од страна на Здружението на инвеститорите во Холандија (Dutch Investors ‘Association) и Европската фондација за финансиска писменост (European Financial Education Foundation). „Euronext NV“ пак е операторот на пазарите во Холандија.

Обединувањето ќе ги отежни целите на последните прописи, кои сакаат да ја стимулираат конкуренцијата, и ќе биде опасно за помалите пазари, како оние оперирани од „Euronext“, тврди групата.

„Спојувањето ќе доведе до значително слабеење на ефективната конкуренција и до намалување на слободата на изборот“, се наведува во писмото на претседателот на здружението Пол Костер.

Акционерите на „Deutsche Boerse“ и „LSE“ ја одобрија зделката, која сепак треба да добие одобрение, како од националните регулатори, така и од Европската комисија. Во писмени забелешки до комисијата, Белгија и Португалија исто така се противат. И во двете земји берзите оперираат под капата на „Euronext“.

„Спојувањето ќе создаде водечка група за пазарна инфраструктура во светот, која ќе биде базирана во Европа, а тоа ќе и помогне на Европа да ја задржи и подобри својата пазарна инфраструктура“, коментира портпаролот на „Deutsche Boerse“. „Поврзувањето на Лондон, Милано и Франкфурт преку ликвидни мостови ќе го стимулира економскиот раст и создавањето на работни места, а тоа ќе го поддржи Унијата на пазарите на капитал“, додава таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП