3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузика од различни жанрови на плоштадите во Скопје

Музика од различни жанрови на плоштадите во Скопје

leto sk 33

Со настапот на Тања Стојановска и Михајло Стојанов на класични гитари, во петокот вечерта, на плоштадот Мајка Тереза, пред платото на Македонската опера и балет, почна проектот „Скопски летен ритам“.

Проектот се реализира во рамките на Улични музичари и артисти, на централнoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица.

На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вчера, во првите две недели по 20:30 часот, а потоа после 20 часот ќе се одржат од шест до седум настани, истите во соработка со изведувачи солисти или музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика.

На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади, на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации.

Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, ќе траат до крајот на месец септември, а доколку се поволни временските услови може да има настапи и во месец октомври.

Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, најави 40 настапи на околу 100 учесници и богата и разновидна програма наменета за граѓаните и туристите во Скопје.

Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика со квалитетна културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП