17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Колку чини една Олимпијада

График на денот: Колку чини една Олимпијада

RIO333

Утрово се случи официјалното отворање на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, кое се одржа на стадионот „Маракана“. Организаторите вложија многу напор, труд и пари за да стигнат до тука.

Да си домаќин на Олимпијада без сомнение е скапо задоволство.

На крајот на 2015-та година жителите на германскиот северен град Хамбург гласаа за повлекување на кандидатурата на градот за домаќини на игрите во 2024-та година, а токму финансирањето беше главен фактор за одлуката, потсетува „Statista“. 51,6 проценти од жителите на Хамбург одговорија со „не“ на прашањето дали сакаат Олимпијада во нивниот град.

Според податоците на „Oxford Olympic Study 2016“, Рио потрошил 4,58 милијарди долари за оваа година да биде домаќин на Игрите, што претставува пречекорување на однапред пресметаниот буџет со цели 51%. Според други податоци сепак трошоците се во износ од 38,7 милијарди реали (10,96 милијарди долари).

И иако првата звучи како прилично сериозна сума, таа е ништо во споредба со парите кои Сочи ги потроши за Зимските игри пред две години. Проектите предводници на настанот ги надмина значително многу буџетите, поради што вкупните трошоци се зголемуваа како „снежна топка која се тркала по падина на планина“.

На крајот игрите ја чинеа Русија над 20 милијарди долари – огромно проширување на буџетот со цели 289 проценти.

Во 2007-ма година Велика Британија ги зголеми повеќе од трипати трошоците за игрите во 2012-та година до 9,3 милијарди фунти (15,5 милијарди долари), откако претходно властите ги имаа потценето трошоците за изградбата на објекти.

oi cena 99

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП