8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтручното усовршување и обуката клучни за јакнење на капацитетите на ИПА

Стручното усовршување и обуката клучни за јакнење на капацитетите на ИПА

ipa sredba 3353

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска денеска одржа работна средба со државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Ана Блажеска.

На средбата се разговараше за можностите за јакнење на капацитетите на ИПА оперативната структура преку подобрување на системот на стручно усовршување и обука.

ИПА структурата брои околу 400 административни службеници кои работат на програмирање, спроведување и мониторинг на претпристапната помош во органите на државна управа. Во тој контекст беа разгледани различни модели и најдобри практики од земјите-членки на ЕУ со цел унапредување на политиките за задржување на кадарот и јакнење на административниот капацитет. Овие активности се дел од заложбите на Владата за зголемување на искористеноста на европските фондови и подобрување на квалитетот и одржливоста на проектите реализирани со Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

На средбата исто така стана збор за портфолиото на ИПА проекти на Министерството за информатичко општество и администрација, при што беше изразено задоволство од успешната соработка со Секретаријатот и со Делегацијата на ЕУ со оглед на фактот што во текот на минатата недела за сите проекти од програмската 2012 година беше добиено одобрување од страна на ЕК за премин во следната проектна фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП