ЕКОНОМИЈА

Зголемени цените на угостителските услуги

ugostiteli888

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2016 година, во споредба со јуни 2016 година, е зголемен за 0.2%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2%, Безалкохолни пијалаци за 0.5% и Ноќевања за 0.3%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.1%.