12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на уште една скратена трговска недела, со преполовен промет

Крај на уште една скратена трговска недела, со преполовен промет

mk berza224

Заврши уште една скратена недела на Македонската берза, а во петокот прометот беше преполовен во однос на оној во четвртокот, при што достигна вредност од близу 3.4 милиони денари.

Најголемо учество во прометот имаше тргувањето со акцијата на Алкалоид, каде се реализираа акции во вредност од 966 илјади денари по просечна цена од 5.278,69 денари, а следеа Фершпед и Скопски Пазар со промет од 799 илјади, односно 500 илјади денари.

Добитничката листа денсе беше побројна од губитничката па така најголем раст имаа акциите на Адинг од 3,33%, потоа Фершпед од 3,01 отсто, како и Скопски Пазр со раст од 2,56 проценти.

На спротивната страна најмногу загуби акцијата на Гранит АД Скопје со пад на вредноста од 2,88 отсто.

За обврзниците денес немаше заинтересираност кај инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП