3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоповолни оценките на градежниците за економската состојба на претпријатијата

Поповолни оценките на градежниците за економската состојба на претпријатијата

gradeznistvo 2929

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се непроменети, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2015 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се поповолни во споредба со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21.4%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 16.1%, конкуренција во сопствениот сектор со 13.9% и нема побарувачка со 13.4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП