1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБерлинската авантура на добитниците од наградната игра на Бимилк

Берлинската авантура на добитниците од наградната игра на Бимилк

cupe berlin

Маја Мојсова Мијовска и нејзиното семејство благодарение на Бимилк, минатиот месец отпатуваа за Берлин каде што ја посетија светски познатата Берлинска Зоолошка Градина.

Со ова патување на најсреќните добитници, официјално завршија „Авантурите на Битолското чупе“, големата наградна игра со која Бимилк донесе среќа на многумина кои учествуваа.

cupe berlin4

„Берлин е навистина волшебен град и сме неизмерно благодарни на Бимилк и нашето омилено млеко што ни овозможија да ја почувствуваме неговата магија. Зоолошката градина во Берлин е најпосетената во Европа и една од најпознатите во светот и беше прекрасно искуство да уживаме во неа. Видовме многу ретки животни, а она што особено не воодушеви беше нивната слобода на движење и широчината на просторот. Едноставно човек може цел ден да го помине таму и во ниеден момент да не му стане здодевно. Сега нашите чувства се поделени, бидејќи сме тажни што нашата Авантура со Битолското чупе заврши, но истовремено сме пресреќни и преполни со нови доживувања и впечатоци“, изјави Маја Мојсова Мијовска.

cupe berlin3

На почеток на летово во Битола беа извлечени многуте среќни добитници од големата наградна игра на Бимилк и брендот Битолско млеко со 10 витамини. Добитниците се радуваа на вкупно 566 награди, меѓу кои покрај Наградното патување имаше и 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи.

cupe berlin1

Битолското чупе и Бимилк и понатаму ќе продолжат со cвојата мисија – да носат радост и незаборавни искуства за сите, на оригинален, креативен и забавен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП