17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на стоковната размена со странство во првите шест месеци

Раст на стоковната размена со странство во првите шест месеци

uvoz izvoz 200

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 125.722.828 илјади денари и бележи пораст од 3.9% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 179.633.043 илјади денари што е за 4.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 53.910.215 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2016, изнесува 70.0%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Обем на размената, I-VI 2016                Покриеност на увозот со извоз

305.355.871 илјади денари                                    70.0 %

4.950.043 илјади евра                                             70.0 %

5.529.439 илјади долари                                        69.9 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 2.038.018 илјади евра и бележи пораст од 3.7% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.912.026 илјади евра, што е за 4.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 874.008 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 2.275.485 илјади САД долари и бележи пораст од 4.1% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.253.954 илјади САД долари, што е за 4.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 978.469 илјади САД долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП