7 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАКубанска магија ќе го обземе Охрид и Македонија по втор пат

Кубанска магија ќе го обземе Охрид и Македонија по втор пат

hola ohrid 335

Оваа година Охрид по втор пат ќе биде домаќин на вториот Меѓународен кубански танцов фестивал во Македонија – „Хола Охрид“.

Настанот ќе се одржи во организација на Tанцовиот клуб „Сонриса“. Кубанските звуци ќе одекнуваат во Охрид во периодот од 5 до 7 август, во хотелот Конгресен Центар Охрид, каде кубанската енергија ќе ја пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно петнаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – дванаесет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија и Полска. Фестивалот официјално ќе го посетат преку 250 гости од Македонија и странство, од кои голем дел доаѓаат од Европските земји.

Дневната програма ќе опфати едукативни работилници од танцов карактер со екстра активности како игри без граници и организирана тура низ Охрид, како би можеле гостите да ги запознаат убавините што ги крие овој град. На самите работилници ќе се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда Де Казино како и познатите сензуални танци Бачата и Кизомба. Вечерната програма ќе се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот, а сепак ќе сакаат да уживаат во шоуто кое ќе го понудат артистите.
Минатата година овој фестивал успеа да ги надмине очекувањата и доби своја „титула“ за најдобар организиран прв Кубански фестивал на нашите простори. Поради големиот успех кој го достигна овој фестивал организаторите очекуваат настанот „Хола Охрид“ повторно да ја одбележи 2016 година на македонската танцова сцена, како и да прерасне во традиционален забавен викенд – настан во градот Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП