18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои компании ја контролираат светската пивска индустрија?

График на денот: Кои компании ја контролираат светската пивска индустрија?

piva grafik 0002

Колку и да мислиме дека имаме избор, излегува дека има пет глобални пивски гиганти, кои го контролираат пазарот на пиво во светот. Заедно тие поседуваат стотици од најпознатите локални, увозни и занаетчиски пивски брендови во целиот свет, во речиси секоја земја, коментира „VisualCapitalist“.

До неодамна, всушност имаше шест големи конгломерати: „AB InBev“, „SAB Miller“, „MolsonCoors“, „Heineken“, „Diageo“ и „Carlsberg“.

Само по неколку месеци, сепак светот на пивото веќе нема да биде ист. Две од најголемите компании производители на пиво во светот – „AB InBev“ и „SAB Miller“, се спојуваат во една мегакомпанија. Се очекува договорот, кој е во вредност од 107 милијарди долари да заврши до октомври 2016-та година.

Кога тоа ќе се случи, новата компанија ќе има огромно портфолио кое ќе предизвика сериозна завист во индустријата: „Budweiser“, „Corona“, „Stella Artois“, „Hoegaarden“, „Pilsner Urquell“, „Foster’s“, „Shock Top“, „Elysian“ и „Beck’s“ се само дел од најпопуларните нејзините брендови.

Компанијата сепак ќе треба да се раздели со некои клучни брендови, како „Blue Moon“ и целата линија пива „Miller“, за да ги задоволи барањата на регулаторите за конкуренцијата.

Покрај истоимената марка пиво холандската компанија „Heineken“ исто така има познати брендови во своето портфолио, на пример популарниот „Murphy’s“, како и италијанскиот бренд „Moretti“.

Сопственикот на можеби најпознатото пиво во светот – „Guinness“, пак, е британската „Diageo“, а данската компанија „Carlsberg“ – петтиот по големина производител во светот, е сопственик освен на истоимената марка и на брендовите, како „Tuborg“, „Holsten“ и „Crimbergen“.

piva grafik 0003

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП