10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни изненадувачки пад на фабричките нарачки во Германија

Во јуни изненадувачки пад на фабричките нарачки во Германија

fab naracki ger 033

Фабричките нарачки во Германија се намалуваат изненадувачки во јуни, покажуваат податоците на федералната служба за статистика „Destatis“.

Фабричките нарачки паднаа малку со 0,4% во јуни на месечна и сезонски прилагоденa база, доста под прогнозите за раст од 0,4%. За споредба – во претходниот месец фабричките нарачки забележаа ревидиран раст од 0,1 отсто, додека прелиминарните податоци беа за нулта раст. посочува „WBP Online“.

На годишна основа нарачките се намалуваат за 3,1% на крајот на шестиот месец од годината, додека аналитичарите прогнозираа пад од 1% во јуни.

Побарувачката на внатрешниот пазар се зголемува за 0,7%, но странските нарачки се намалуваат за 1,2%. Новите нарачки од еврозоната се намалени за 8,5%. За разлика од нив, оние од други земји се зголемиле за 3,8%, наведува „Trading economics“.


source: tradingeconomics.com

И покрај тешките економски услови во светот и стравувањата поврзани со „Brexit“, германската економија останува релативно силна.

Бизнис климата во германската индустрија и трговија оствари во јули помал пад, отколку што се очекуваше. Во бројки – во јули тој падна од 108,7 поени до 108,3 поени, но економистите очекуваа посериозен пад до 107,5 поени.

„PMI“ индексот во сферата на услугите порасна до 54,4 во јули, потврдувајќи го позитивниот тренд на зголемување на активноста во сферата на услугите од јуни. Пазарот очекуваше индексот да се зголеми до 54,6 од 53,7 во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП