17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно ЕУ воведе антидампинг давачки за челикот од Кина и Русија

Конечно ЕУ воведе антидампинг давачки за челикот од Кина и Русија

celik cena eu

Брисел конечно ги воведе антидампинг давачките за одредени видови на челик увезени од Кина и Русија. Одлуката беше проследена од привременото воведување на санкцијата во февруари.

Европската комисија денес објави дека во текот на следните пет години ќе бидат наметнати давачки за ладно валан челик, кој се користи за производство на автомобили и во градежништвото.

Царинита се движи од 19.7 проценти до 22.1 проценти за кинескиот увоз и од 18.7 проценти до 36.1 проценти за руските компании, пренесува „Ројтрес“.

Царините се донесени ретроактивно од декември 2015-та година како реакција на засилениот увоз, откако Брисел минатата година најави антидампинг истрага.

Долготрајната истрага започна по жалба на Асоцијацијата на европските производители на челик (Eurofer).

Околу 60 отсто од увозот на челик на европскиот пазар е од снабдувањето од Русија, Кина и Украина.

Вкупно во 2015-та година руските компании производители на челик извезле 2.1 милиони тони ладно валан челик, а произвеле 4.7 милиони тони, според рускиот „Ведомости“. Минатата година најголеми количини во Европа земала „НЛМК“ (350.000 тони), „Северстал“ (200 000-250 000 тони) и „ММК“ (околу 100 000 тони).

Во првото тримесечје од оваа година 19% од приходите на „Северстал“ (189 милиони долари) се должат на извозот во ЕУ, додека за „НЛМК“ тоа се 20.2% (320 милиони долари).

Како резултат на светската криза, поврзана со прекумерна продуктивност при производството на челик, ЕК применува алатки за заштита на трговијата, за да се обноват повеќе еднакви услови на конкуренција помеѓу ЕУ и странски производители, се вели во соопштението на ЕК.

Кинеското Министерство за трговија изрази жалење за одлуката на ЕК.

Конкурентите ги обвинуваат кинеските производители дека продаваат на извозните пазари под цена, откако побарувачката на челик во земјата се намали, што пак доведе до намалување на работните места и затворање на фабриките поради глобалната криза во индустријата.

Кина вели дека овој потег на ЕК ја засилува правната несигурност и испоставува сериозно влијание на нормалната меѓународната трговија.

„НЛМК“, која е една од засегнатите руски компании, изјави дека „пристрасната истрага на ЕК е спроведена од нејзините претставници со бројни прекршувања. Ние ќе продолжиме да ги заштитиме своите интереси со сите законски средства. Особено, планираме да го оспориме воведувањето на царините во Судот на ЕУ, а исто така и во СТО“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП