18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Храната нема да поскапи во блиска иднина

ФАО: Храната нема да поскапи во блиска иднина

zito20

Падот на цените на храната во светот во јули, по пет месеци закрепнување, сигнализира дека земјоделските производи веројатно нема позначително да поскапат во блиска иднина, изјави Абдолреза Абасијан, економист од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

ФАО индексот на цените на храната падна во јули за 0,8 отсто, на 161,9 бодови, прекинувајќи го подемот по јануари, кога беше потонат близу до најниското ниво во седум години.

Цените на храната на меѓународните пазари се 1,4 отсто поевтини за разлика од минатогодишниот јули, покажа овој индекс кој ги мери месечните промени на цените на кошничката на житарките, маслодајните растенија, млечните производи, месото и шеќерот.

„Впечатокот дека цените на храната постепено растеа од месец во месец можеби баш и не ја оддава вистинската слика“, рече Абасијан, сугерирајќи дека прогнозите за стабилни цени, кои беа објавени на почетокот на јули, повеќе не вредат.

Абасијан наведува дека поволните временски услови им одеа во прилог на одгледувањето на житарките, создавајќи поголеми резерви. Индексот на цените на житарките падна за 5,6 отсто во однос на јули, а само оризот забележа раст на цената. Силно паднаа и цените на растителните масла, за 2,8 отсто.

„Ако нема изненадувања во врска со временските услови, на пат сме кон богат род. Тоа сигурно ќе ги притиска цените на храната во остатокот од сезоната“, оценува Абасијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП