4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Рибља чорба“, „Студени нозе“, Ефто Пупиновски на „Пиволенд“ во Скопје

„Рибља чорба“, „Студени нозе“, Ефто Пупиновски на „Пиволенд“ во Скопје

pivolend ssk 00

Од 31 август до 4 септември на скопското Кале ќе се одржи традиционалниот фестивал на пивото „Пиволенд“.

Како што соопштуваат организаторите, на „Пиволенд“ ќе настапат „Рибља чорба“, „Студени нозе“, Ефто Пупиновски и „Трибјут ту Колдплеј“, енергична рок музика од светските топ листи.

На фестивалот ќе може да се дегустираат над 150 видови пиво од сите страни на светот, по промотивни фестивалски цени, комбинирани со најдобрите македонски гурмански деликатеси.

Покрај музичкиот и гастрономскиот дел, во текот на петте фестивалски денови предвидени се и многу забавни активности за сите посетители.

Во склоп на фестивалот ќе има три бини, од кои едната ( Bla Bla & Music Circle) традиционално е резервирана за млади македонски артисти од сите музички жанрови кои сакаат да се промовираат пред домашната публиката.

Оние кои сакаат да учествуваат треба да ги испратат демо снимките на мејлот [email protected], како и на фaн пејџот на Music Circle.

pivolend ssk 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП