28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААЦБ ја намали основната каматна стапка за прв пат од март 2009-та

АЦБ ја намали основната каматна стапка за прв пат од март 2009-та

acb 998

Банката на Англија(BOE) очекувано ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени и го зголеми обемот на програмата за откуп на средства со 60 милијарди фунти како одговор на гласањето за напуштање на Европската унија (ЕУ).

Британската фунта поевтини за повеќе од 1% во однос на доларот веднаш по објавувањето на одлуката.

Членовите на Комисијата за монетарна политика на BOE едногласно одлучија да ја намалат референтната каматна стапка до 0,25% од 0,5%, а во голема мера овој чекор беше очекуван и од пазарните учесници. Ова е првото намалување на основната каматна стапка во земјата од 5-ти март 2009-та година. Тогаш BOE ја намали стапката од 1% до 0,5%.

Мнозинството од англиските централни банкари очекуваа главната камата да се намали до нула до крајот на 2016-та година, посочува WBPOnline. Банкарите Велс, Форбс и МакКаферти сепак се спротивставиле на зголемувањето на обемот на програмата за откуп на средства, чиј износ е зголемен за 60 милијарди фунти до 435 милијарди фунти. Предметните 60 милијарди фунти ќе се откупуваат во рок од шест месеци, додаваат од „Bloomberg“.

Британската централна банка започна и нова шема за кредитирање и ќе ги откупува британските корпоративни обврзници до 10 милијарди фунти во следните 18 месеци. Плановите вклучуваат позајмување до 100 милијарди фунти на банките со цел да се осигура дека мерките ќе стигнат и до реалната економија.

Новиот министер за финансии на Велика Британија Филип Хамонд го поздрави олеснувањето на монетарната политика од страна на BOE. Тој рече дека тоа треба да се користи со цел поддршка на економијата.

Потсетуваме дека во јули BOE се воздржa од олеснувањето на монетарната политика. Институцијата претпочита да почека поконкретни податоци за да процени каков е ефектот од „Brexit“, кој предизвика голема несигурност не само на пазарите, туку и околу развојот на преговорите со Брисел за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Освен што ја намали основната каматна стапка, BOE ја намали и прогнозата за економскиот раст до 0,8% во 2017-та година од претходните 2,3% и до 1,8% за 2018-та година од 2,3%. За оваа година оценката за раст од 2 отсто е непроменета, но за третиот квартал банката очекува експанзија на бруто домашниот производ од само 0,1%.

acb 999

BOE ги промени очекувањата во однос на инфлацијата, па веќе се очекува таа да се доближи до целта од 2% до крајот на последниот квартал на 2017-та година.

Со одлука централната банка да реагира на ефектите од гласањето за „Brexit“ од крајот на јуни. Британската економија западна во еден вид шок состојба. Само помалку од два месеци по гласањето првите рани индикатори сигнализираат веќе дека гласањето ќе влијае силно негативно на британската економија.

Британската економија се намалува со најбрза стапка од финансиската криза досега, изјави компанијата за пазарни истражувања „Markit“.

„Бројките покажуваат дека економијата на Велика Британија ќе се намали за 0,4% во третиот квартал, а такво темпо немало од 2009-та година“, вели Крис Вилијамсон, главен економист во „Markit“.

„Невидените падови од месец на месец во вкупниот индекс несомнено ја зголемуваат веројатноста Обединетото Кралство да западне барем во блага рецесија“, додава тој.

Економистите анкетирани од „Ројтерс“ во текот на минатиот месец, прогнозираа 60% шанса за рецесија по референдумот. Националниот институт за економски и социјални истражувања изјави дека не очекува доцнењето да е тоа за време на финансиската криза, а според „Markit“ има голема доза несигурност за степенот на контракција.

И активноста во градежниот сектор во Велика Британија се забавува во јули, покажуваат податоците на приватната компанија „Markit“, цитирани од „WBPonline“. Индексот на менаџерите на договорите (PMI) се намалува втор месец, откако претходно беа регистрирани 37 последователни месеци на раст. Вредноста на мерачот паѓа од 46 поени во јуни до 45,9 поени во седмиот месец од годината, но останува над прогнозите за ниво од 42,4 поени. Податоците од почетокот на август покажаа дека производствениот сектор во Велика Британија, исто така се успори нагло по референдумот, на кој мнозинството го поддржаа напуштањето на ЕУ.

Со одлуката на централните банкари сега се цели првенствено за смирување на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП