19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионски профити на македонските фармацевтски гиганти

Милионски профити на македонските фармацевтски гиганти

al

Двете најголеми македонски фармацевтски компании прокнижија зголемена заработка во првото полугодие – „Алкалоид“ имал чист профит од дури 5.3 милиони евра, а „Реплек“ од речиси 600 илјади.

„Алкалоид“ со зголемен приход и профит

„Алкалоид“ заработил 5 милиони и 308 илјади евра во првите шест месеци од годинава што е за 8% повеќе од истиот период лани. Ова го покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонската берза. Според него, има и раст од приходите од продажба за 4% надминале 68 милиони евра, од нив 27 милиони биле остварени на домашниот, а 41 милион на странските пазари.

„Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2016 изнесуваат 344.331.000 денари. Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.06.2016 година изнесуваат 581.447.000 денари и во споредба со состојбата на 30.06.2015 година бележат зголемување од 19%. Во периодот јануари – јуни 2016 година се реализирани 95 нови вработувања“ се наведува меѓу другото во образложението на финансискиот извештај на компанијата.

Минатата година „Алкалоид“ исплати дивиденда од 207 денари по акција.

„Реплек“ со намален приход и зголемен профит

„Реплек“ има зголемен профит и покрај намалените приходи од продажба. Во првите шест месеци од годинава компанијата заработила речиси 589 илјади евра што е за 14% повеќе од истиот период лани. Приходите од продажба биле помали за 9% и изнесувале 5 милиони и 900 илјади евра; на домашниот пазар биле реализирани 3 милиони и 274 илјади, а на странскиот 2 милиони и 626 илјади евра.

„Во 2016 извршена е докапитализација на Реплек АД Скопје во Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје во вкупен износ од 6.000.000 денари. Кредитното задолжување во однос на истиот период претходната година не бележи промени. Во периодот 01. 01. до 30. 06. 2016 на групациско ниво беа реализирани инвестиции во вредност од 23.700.000 денари“ се наведува меѓу другото во образложението на финансискиот извештај на компанијата.

Минатата година „Реплек“ исплати дивиденда од 2.468 денари по акција.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП