6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожна ли е реализацијата и на „Јужен поток“, и на „Турски поток“?

Можна ли е реализацијата и на „Јужен поток“, и на „Турски поток“?

gasovod35987

Русија може да ги изгради истовремено и „Јужен тек“, и „Турски поток“, иако во доста „скратена“ верзија. Ова го пишува азербејџанското издание „Trend“ во своја анализа.

На овој начин Москва ќе може да ги реализира плановите да ја заобиколи Украина како транзитна земја на природниот гас, додава весникот.

Според Катја Јафимава од Оксфордскиот институт за енергетски истражувања, со „затоплувањето“ на односите меѓу Турција и Русија повторно ќе се стават на масата преговорите за изградбата на „Турски поток“.

„Има добра перспектива за реализација на овој проект до 2020-та година, не порано“, вели таа.

Според аналитичарот, сепак „Газпром“ ќе изгради само една цевка од гасоводот со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Во неа ќе бидат доставени потребните количини гас за турската економија.

Според неа, Москва нема да изгради втора цевка, какви што беа првичните планови, за да не ја засилува улогата на Анкара на гасната карта на Европа.

Јафимава е убедена дека ќе има уште една цевка преку Црното Море – „Јужен поток“. Првично плановите беа гасоводот да има четири цевки со вкупен капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно.

Аналитичарот нагласува дека „намалувањето“ на проектот ќе има поголеми шанси да добие одобрение од Европската комисија, бидејќи така Јужна Европа ќе има дотур и дел од транзитот преку Украина ќе биде зачуван.

Прашањето за „Турски поток“ сигурно ќе биде тема за време на претстојната средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Двајцата ќе разговараат на 9-ти август во Санкт Петербург.

Проектот беше замрзнат на крајот на 2015-та година по соборувањето на рускиот воен авион од турските воздухопловни сили. Ова доведе до прекин на економските односи меѓу двете земји. Пред еден месец, сепак турскиот претседател се извини на Москва за инцидентот и врските меѓу Кремљ и Анкара се обновуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП