Рено ја претстави својата нова Лагуна која ќе се карактеризира со благo подобрување, така што на седан и караван моделите е забележителна нова предна страна со LED светла за дневна светлина.
Новите модели ќе се одликуваат со редизајнирани 16 инчни алуминиумски тракала. Промените во внатрешноста се ограничени и го вклучуваат „R-Link“ забавно-информативниот систем со 7 инчен екран осетлив на допир. Кога станува збор за линијата на мотори одредени модели ќе се одликуваат со мотори унапредени со нова „dual-clutch EDC“ трансмисија.
Кога е во прашање 1.5dCi 110 моторот, оваа Лагуна просечно ќе троши 4.3L/100km со 113g/km емисија на штетни гасови. Лагуна исто така ќе биде достапна и со новиот систем „4Control chassis“. Во суштина станува збор за управувачки систем кој обезбедува динамично управување, поголема можност за маневрирање, како и унапредена прецизност во управувањето. Новата линија на Лагуна во продажба ќе се најде на крајот од овој месец на територијата на Европа.