
Сите ние ја знаеме изреката „во здраво тело, здрав дух“. Но и сите ние сè поретко сакаме или можеме да најдеме слободно време да се грижиме за добросостојбата на нашето тело и организам (иако јас мислам дека времето го користиме како изговор).


Сите ние ја знаеме изреката „во здраво тело, здрав дух“. Но и сите ние сè поретко сакаме или можеме да најдеме слободно време да се грижиме за добросостојбата на нашето тело и организам (иако јас мислам дека времето го користиме како изговор).
А од друга страна, сите знаеме колку е важно да сме здрави, да се храниме здраво, да имаме физичка активност редовно, да сме наспани по 8 часа дневно, а при тоа најголемиот дел од денот сме на работното место.
И токму поради трендот на здрав начин на живот, компаниите сè повеќе се трудат да им овозможат на своите вработени различни wellness програми на работното место, врз основа на нивното верување дека таквите програмите ќе допринесат да се подобри здравјето на вработените и да се зголеми продуктивноста. На компании како Google и Facebook им се воодушевуваме за нивната корпоративна култура којашто ја имаат кон здравиот начин на живот и би сакале да работиме во таква компанија.
Не би сакала да ви кажувам совети како и што треба да се прави за да водите здрав живот, сигурна сум дека сите го знаете тоа. Со овој совет на неделата, сакам да ви кажам како ние во Македонија Експорт се трудиме да ја гаиме здравата корпоративна култура со тоа што нашите верувања и однесување се насочени кон секојдневното грижење за здравјето на работното место.
Се надевам дека барем некои од нашите начини за водење здрав живот на работното место ќе можете да практикувате и да почнете да ширите здрава корпоративна култура.
Со успех во промените,
Илина Бакев
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг