3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВајдман: Brexit нема да ги промени изгледите пред еврозоната

Вајдман: Brexit нема да ги промени изгледите пред еврозоната

vajdman 34534

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) не ги менува фундаменталните изгледи пред еврозоната, коментира Гувернерот на „Bundesbank“ Јенс Вајдман во интервју за неделникот „Die Zeit“.

„Впечатокот ми е дека економските перспективи пред еврозоната не се сменија фундаментално по гласањето за „Brexit““, вели Вајдман во интервјуто, цитирано од „Ројтерс“.

„Може да има мал пад, но генерално нагорниот тренд ќе продолжи“, додава тој.

Според него е премногу рано да се дадат веродостојни предвидувања за тоа што може да значи ова за идните ценовни случувања.

Вајдман го потврди својот став дека ефикасноста на ултралабавата монетарна политика ќе се намали со текот на времето, а ризиците и несаканите ефекти ќе се зголемуваат.

„Но уште еднаш: несигурноста во моментов е јасно изразена и прво треба да почекаме малку по малку за деталните економски показатели, за да можеме полесно да ги оцениме последиците од гласањето за „Brexit““, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП