25 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren планира 15 нови модели

McLaren планира 15 нови модели

mclaren-p1-xl

Англискиот производител „McLaren“ размислува за ажурирање на палетата до 2022-ра година. Оваа постапка ќе е навистина голема, така што предвидува појава на дури 15 нови модели.

За таа цел на компанијата ќе и биде потребна развиената стратегија „Track22“ која беше претставена на автомобилскиот саем во Женева, претходно во оваа година.

Програмата предвидува обновување на моделите од трите категории на производителот – „Sports“, „Super“ и „Ultimate Series“. Така во следните 6 години „McLaren“ ќе инвестира 1 милијарда фунти во развој и конструирањето на 15-те нови модели. Меѓу нив ќе бидат „Spider“ верзијата на „570S“, наследникот на „650S“, верзија на „675LT“ за на тркачка патека, како и наследникот на „F1“.

Според шефот за продажба Џулијан Неш, барем 2 верзии ќе бидат претставени секоја година, вклучувајќи и лимитирана серија, како „650S Can-Am“. Уште еден голем дел од моделите на „McLaren“ пак ќе добијат нова хибридна технологија базирана на онаа кај моделот „P1“.

Подобрениот бензинско-електричен хибриден систем со „V6“ турбо агрегат, сепак нема да има пред продолжувањето на тековните модели „540C“, „570S“ и „570GT“ кои најверојатно ќе се појават до почетокот на новата деценија. Досегашните „V8“ мотори пак ќе продолжат да се произведуваат паралелно со иновациите на палетата, откри уште Неш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар