27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит благ раст по двата дена пад

На Волстрит благ раст по двата дена пад

wall stre 33

На Волстрит во средата берзанските индекси благо пораснаа, по двата дена пад, во прв ред благодарејќи на закрепнувањето на енергетскиот сектор, бидејќи пораснаа цените на нафтата.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,23 отсто, на 18.355 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,31 процент, на 2.163 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,43 отсто, на 5.159 индексни поени.

Најмногу во средата скокнаа, за 1,8 отсто, цените во енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата се одлепија од најниските нивоа во последните повеќе од три месеца. Благодарејќи, имено, на податоците за поголемиот од очекуваниот пад на резервите од нафта во САД, цената на барелот на американскиот пазар скокна за повеќе од 3 отсто, па се врати над психолошкото ниво од 40 долари.

Значително во средата ,за 1 процент, пораснаа и цените на акциите во финансискиот сектор, благодарејќи на обновените шпекулации за можното зголемување на клучните каматни стапки од страна на американската централна банка уште оваа година, што би му одговарало на овој сектор.

Овие шпекулации ги поттикна извештајот на ADP, најголемата американска консултантска компанија за вработување, според кој, во американскиот приватен сектор во јули се отворени 179.000 нови работни места. Малку поголемиот раст на вработувањата отколку што се очекуваше ја поткрепи тезата дека и извештајот на американската влада, кој ќе биде објавен во петок, ќе покажува дека пазарот на трудот и натаму јакне.

А тоа би можело да ја наведе американската централна банка Federal Reserve (Fed), сепaк, до крајот на годинава да ги зголеми каматите, иако инфлацијата и натаму е под посакуваното ниво на банката од 2 отсто, а растот на економијата е побавен отколку што се проценуваше. Претседателот на филијалата на Fed во Чикаго, Чарлс Еванс изјави во средата дека едно зголемување на каматите оваа година би било одмерено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП