3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата ги намали инвестициите во Грција за 66%

Кризата ги намали инвестициите во Грција за 66%

grece33

Инвестициите во грчката економија се намалиле за 66% во годините на кризата (помеѓу 2007-ма и 2015-та година). Ова се наведува во анализата на „Eurobank“, цитирана од грчкиот весник „Катимерини“.

Намалувањето е видливо во секторот на недвижностите, производство на опрема, како и во градежниот сектор.

Според извештајот главните причини за намалувањето на инвестициите во Грција се честата промена на даночниот режим и зголемувањето на даноците, зголемување на трошоците за капитал и кредитирање. Во овој период се зголемила нестабилноста и не била создадена средина која ги привлекува инвеститорите, се истакнува во документот.

Во периодот 2007 – 2015-та година грчката економија доживува вистински колапс, изразен не само во пад на инвестициите.

Најдраматична е состојбата на пазарот на трудот. Во декември 2007-ма година бројот на невработени Грци бил 403.000 лица, или 8,1% од работоспособното население на земјата. Во декември 2015-та година нивниот број веќе надминува 1,1 милиони луѓе, или 24,2% од работоспособното население.

За осум години се „исчезнати“ 860.000 работни места, наведуваат од банката.

Од извештајот се гледа уште дека депозитите во банките исто така се „топат“ – од 198 милијарди евра кон крајот на 2007-ма година до 122 милијарди евра кон крајот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП