4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвогодинешниот фестивал “Exit” им донесе 14 милиони евра во Србија

Овогодинешниот фестивал “Exit” им донесе 14 милиони евра во Србија

exit

Овогодинешниот фестивал “Exit” донесе речиси 14 милиони евра во економијата на Србија, покажа истражувањето кое го спроведе ТИМ центарот од Нови Сад.

Фестивалот оваа година забележа нов рекорд со 195 илјади посетители.

Според податоците на ова истражување забележан е раст на странските посетители со околу 30 отсто, така што оваа година биле скоро подеднаков број странските и домашните посетители.

Истражувањето покажало дека гостите од Западна Европа во просек потрошиле по 721 евро, а после нив се гостите надвор од Европа со 645 евра. Најмалку потрошила домашната публика со просечни 198 евра. Посетителите од Нови Сад имале најмалку трошоци од 79 евра во кои се вклучени купени билети, локален превоз,храна и пијалоци.

Речиси година дена пред почетокот на следниот “Exit” фестивал кој ќе се одржи од 6-9 Јули 2017, за билети се пријавиле 20 илјади посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП