18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоминација на обврзницата РМДЕН15

Доминација на обврзницата РМДЕН15

berza

Обврзницата РМДЕН15 тргувањето на Македонската берза за хартии од вредност во средата заврши како лидер по прометот на Македонската берза.

Безмалку 40 отсто од вкупниот промет беше направен со РМДЕН15 при што 52.660 лотови се истргуваа по цена од 92,5 отсто, или во апсолутен износ од речиси три милиони денари.

Втора по промет од обврзниците беше обврзницата (РМДЕН14) со вкупен промет од над 1,3 милиони денари.

По подолго време пауза од тргување со акциите на Прилепска Пиварница, во средата токму таа беше единствена од акциите која се најде на листата „милионери“.

Конкретно со оваа акција беше остварен вкупен промет од 1.529.948 денари со истргувана количина од 51 акција по просечна цена од 29.998,98 денари.

Индексите МБИ-10 и ОМБ денот го завршија со раст од 0,02 отсто и 0,27 отсто соодветно, а нивната вредност на крајот од денот беше 1.856,49 индексни поени и 126,83 соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП