23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодатоците за инфлација натежна над турските пазари

Податоците за инфлација натежна над турските пазари

berza tur399

Турската лира и акциите се намалија по последните макроекономски податоци, според кои инфлацијата расте повеќе од очекуваното во јули, соопшти „Bloomberg“.

Валутата забележа пад од 0,6% до 3,0094 лири за долар малку пред 13 часот, приближувајќи се до еднонеделното дно. Главниот индекс на Истанбулската берза „Borsa Istanbul“ – „100 Index“ се намалува за 1,39% до 74 753,64 поени малку пред 13:00 часот, воден од 2,3% пад во цената на акцијата на „Turkiye Petrol Rafinerileri AS“. Приносот по 10-годишните државни обврзници се покачува за 14 базични поени.

Годишната инфлација во Турција се зголеми повеќе од очекуваното во јули, достигнувајќи највисоко ниво од јануари, главно поради растот на цените на алкохолните пијалоци, тутунот и прехранбените производи, посочува „MarketWatch“.

Индексот на потрошувачките цени се покачува за 8,79% на годишна основа во седмиот месец од годината. Во однос на претходниот месец зголемувањето е од 1,16%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прогнозите на аналитичарите анкетирани од „Wall Street Journal“, беа за пораст на инфлацијата во јули за 0,6% на месечна основа и 8,3% во однос на една година порано. Во јуни нивото на годишна инфлација беше 7,64%.

Иако Централната банка на Турција објави минатата недела дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во јули, податоците се со повеќе од 60 базични поени повисоки од просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“.

Уште месечно зголемување на инфлацијата доаѓа во позадина на падот од страна на регулаторот на една од главните каматни стапки со 25 базични поени до 8,75%. Во исто време банката ја остави прогнозата за инфлацијата до крајот на годината, непроменета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП