16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК и даде зелено светло на Германија за завршување на берлинскиот аеродром

ЕК и даде зелено светло на Германија за завршување на берлинскиот аеродром

berlin aero 3335

Германското јавно финансирање на новиот берлински аеродром е во согласност со европските правила, објави денес Европската комисија (ЕК), со што е отворен патот на германската влада да инвестира дополнителни 2,2 милиони евра за завршување на градбата.

Аеродромот Берлин-Бранденбург, што требаше да биде отворен уште во 2011 година, е оптоварен со пречекорување на трошоците, технички проблеми и обвинувања за корупција.

Рокот за завршување на градбата постојано се поместуваше, а во моментот во сила е план аеродромот да биде отворен кон крајот на 2017 година.

Германија во јануари ја извести ЕК дека планира да обезбеди дополнителни 2,2 милиони евра за завршување на градбата. Дел од парите би требало да бидат потрошени на решавање на насобраните технички проблеми, а дел за зголемување на капацитетот на аеродромот бидејќи се очекува сообраќајот да ги надмине прогнозите од првичната студија.

ЕК објави во среда дека германската влада има зелено светло бидејќи вложувањето ќе биде изведено во согласност со правилата на пазарното натпреварување или под услови кои ќе ги прифати приватниот инвеститор. Врз основа на тоа, одлучено е дека тоа јавно финансирање не претставува државна помош за приватниот оператор на аеродромот и не му обезбедува неправедна пазарна предност.

Во време на обединувањето на Германија Берлин имаше три аеродрома, еден на исток, две на запад. Од тогаш беше затворен легендарниот Темпелхоф, а Берлин-Бранденбург би требало по завршувањето на градбата да го замени Тегел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП