14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување на цените на нафтата над 42 долари

Закрепнување на цените на нафтата над 42 долари

nafta kop

По падот до најниското ниво од април, цената на нафтата во среда на меѓународните пазари закрепна, надминувајќи 42 долари за барел, поткрепена од најновиот извештај на Американскиот институт за нафта за падот на резервите во САД, како и од слабиот курс на доларот.

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна 27 центи во однос на вчерашното затворање, до 42,07 долари. Во вторник цената на барелот потона на 41,51 долари. На американскиот пазар барелот беше во добивка 28 центи, на 39,79 долари.

Иако цените би можеле уште да се качуваат, расположението на пазарот веројатно нема позначајно да се менува, сметаат аналитичарите. Заситеноста од понудата, која веќе со месеци ги притиска цените на нафтата надолу, би можела дополнително да се покачи по повторното зголемување на извозот од либиските пристаништа, кои беа затворени од 2014 година.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) во среда на својата страница објави дека референтната цена на барел од нејзината нафта во вторник изнесувала 38,29 долари, што значи дека паднала 81 цент во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП