18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC ќе откупи назад свои акции од 2,5 милијарди долари

HSBC ќе откупи назад свои акции од 2,5 милијарди долари

hsbc 335353

„HSBC Holdings Plc“ ја објави својата намера да откупи назад свои акции за 2,5 милијарди долари во текот на оваа година, откако главниот извршен директор Стјуарт Гуливер се обидува да одговори на падот на цената на акцијата, додека отстапува од желбите за зголемување на годишната дивиденда и временската рамка за постигнување на клучна цел за профитабилност, пишува „Bloomberg“.

Во првото полугодие профитот пред даноци на најголемата европска банка опаѓа за 45% на годишно ниво до 3,61 милијарди долари. Финансискиот резултат е под очекуваниот просек од 3,9 милијарди долари од анкетираните 14 аналитичари.

Банката се откажа од целта за надминување на враќањето на капиталот над 10% до крајот на 2017-та година, наведувајќи ги економските и политичките причини, но рече дека целта останува „соодветна“.

„Свесни за она што се случи во овој турбулентен период, се става под сомнение стратешката насока и приоритетите кои си поставивме пред една година“, вели претседателот Даглас Флинт. Тој посочува на „исклучителната нестабилноста“ на финансиските пазари, предизвикани од гласањето на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

„HSBC“ се бори со забавувањето на економскиот раст во Кина и перспективите за рецесија во Велика Британија во позадина на програмата за кратенење на илјадници вработени и трансфер на средства за најмногу 150 милијарди долари во Азија.

Мандатите на Гуливер и Флинт, кои се најдолгогодишниот владејачки пар на голема европска банка, се на пат да завршат. Флинт се подготвува да се повлече следната година, а со тоа ќе се бара нов извршен директор.

Од 2011-та година „HSBC“ намали над 87.000 работни места, излезе од барем 80 бизниси и го намали глобалното присуство до 71 земји од 88.

Во јуни минатата година Гуливер наведе нова стратегија за намалува на ризичните средства со близу 290 милијарди долари, или околу една четвртина од вкупните, откако префрли од 100 милијарди до 150 милијарди долари од нив во Азија.

Основниот капитал од прв ред (Common Equity Tier 1 – CET 1) на „HSBC“ порасна до 12,1% од 11,9% на 31-ви декември 2015-та година. Во тековното тримесечје показателот може да биде поддржан и да порасне до 12,8% од приходите од продажбата на бизнисот на банката во Бразил.

Од почетокот на 2016-та година акциите на банката поевтинуваат за 19%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП