18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како ќе се развиваат економиите во светот до 2024-та...

График на денот: Како ќе се развиваат економиите во светот до 2024-та година?

rast ekonomijata 344

Експертите предвидуваат дека Индија може да биде најбрзо растечката економија во следната деценија. Центарот за меѓународен развој (Center for International Development, или CID) од „Harvard University“ неодамна искористи ажурирани мерки на економска комплексност, за да ја прогнозира годишна стапка на раст од 6,98% за Индија до 2024-та година.

Според „CID“ земјите со најголем потенцијал за раст се наоѓаат во Јужна Азија и Источна Африка.

„Howmuch.net“ ги користи податоците за да ги претстави преку график очекуваните стапки на раст. Скалата на земјите зависи од прогнозираната стапка на раст. Токму затоа Индија пример има поголема од САД, чиј раст е само 2,58%.

Како што може да се види од графикот, Индија изгледа поголема и од Кина. Според „CID“, Индија ќе има најбрза стапка на раст заради напредокот на производствените можности. Овој напредок и овозможи на земјата да го прошири извозот во посложени производи како фармација, возила и електроника. Историски гледано растот на економска комплексност довел до повисоки приходи.

Постојат неколку земји во Источна Африка, кои според прогнозите ќе имаат раст од најмалку 5,5%. Пет земји во регионот се во топ 10 на „CID“ за економски раст, меѓу кои се Уганда, Танзанија, Кенија, Малави и Мадагаскар. Покрај тоа, постојат земји во Блискиот Исток и Јужна Америка, кои исто така ќе постигнат добри резултати. Јордан и Израел ќе имаат годишна стапка на раст од над 4%, како и Хондурас и Мексико.

Во исто време се очекува економскиот раст во развиените економии да забави. Во САД тој ќе е 2,58%, а во Велика Британија малку над 3,22%. Германија, една од водечките економии во Европа, ќе постигне стапка од само 0,35%.

„CID“ истакнува дека економиите базирани на производство на суровини, ќе се соочаат со забавување на растот, бидејќи цените на суровините ќе останат под притисок.

rast ekonomijata 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП